Македонија
29. August 2016 - 14:58

Комисијата за медиуми се уште без согласност за петтиот член

Привремената комисија за следење на медиумското изборно претставување ќе продолжи со разговорите за избор на петтиот член на ова ад хок тело во Агецијата за Медиуми (АВМУ), кое треба да ја следи работата на медиумите во предизборниот период. Четворицата членови на комисијата на денешниот состанок не постигнаа согласност за петтиот член, кој, според договорот, треба да биде етнички Албанец.

- Консултациите продолжуваат. Сите опции се во игра. Оптимист сум дека
до 31 август ќе најдеме решение. Поради чувствителноста на целиот процес дополнителни детали нема да изнесуваме, изјави Горан Трпеноски, член на комисијата.

Рокот за избор на петтиот член истече на 24 август. Партиите ги повикаа претставниците во комисијата да ја завршат оваа задача, без да потклекнуваат на политички притисоци. Следната средба се очекува да биде утре во 12 часот во АВМУ.