Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците го разгледуваше Годишниот извештај на Народниот правобранител за 2023 година
Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците на денешната седница во Собранието на Република Северна Македонија расправаше за Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2023 година.
Пратеникот Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на расправата потенцираше дека втор ден пратениците на СДСМ и ДУИ не се присутни во салата. Според него, со тоа изразуваат непочитување.
- Изразуваат непочитување кон македонскиот народ, кон нас пратениците и кон институцијата Народен правобранител, рече тој.
Се осврнаа на повеќе точки од извештајот на при што посочи дека и покрај препораките од страна на НП, истите се игнорирани од старата власт.
- Новата влада започна со темелни реформи, се воведуваат функционални министерства и институции кои ќе бидат во корист на граѓаните, дополни Мицевски.
Пратеничката Драгана Бојковска се осврна на правосудниот дел од Извештајот и истакна дека е загрижувачко што најголем број од забелешките се во врска со непостапувањето на Основното јавно обвинителство.
- Особено загрижувачко е што ОЈО немало комуникација со граѓаните, односно граѓаните поднесувале претставки до НП по однос н анеинформирање на постапките што се водат во Јавното обвинителство, рече таа.
Пратеничката Благица Ласовска посочи дека Извештајот, како што рече „добро ги констатира фалинките во општеството и целиот административен систем“.
- Ништо не ме изненадува, ова е се полошо и полошо, дното е допрено уште пред 7 години, наше е како парламентарно мнозинство да се обидеме да донесеме законски решенија во полза на институцијата НП, а институцијата НП да работи во полза на заштитата на правата и граѓаните, рече таа.
Пратеничката Каролина Наскова изрази надеж дека следниот извештај ќе биде исполнет со повеќе решенија.
На денешната расправа говореа повеќе пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои укажаа на аномалиите од Извештајот и посочија дека таквата пракса треба да престане.
Народниот правобранител, Насер Зибери, главните констатации содржани во Извештајот ги презентираше вчера.
Продолжението на седницата на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе биде дополнително закажано.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец осуден на три години и шест месеци казна затвор
-
Османи: Како што Србија изгуби во Косово, Русија ќе изгубат и во Украина
-
МЕ: Почнува издавањето Гаранции за потекло на енергија од обновливи извори
-
НБ: Усвоен кварталниот извештај за ризиците во банкарскиот сектор
-
БиХ: Продолжува потрагата по исчезнати лица во поплавите
-
Најстудено утрово во Берово, дневните температури денеска до 29 степени
-
Средба на Мицкоски со Зеленски во Дубровник
-
Митева: Поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник