Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за состојбата со Ковид-19
Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на состојбата со Ковид-19 во државава.
– Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новодијагностицирани со Ковид-19 почнувајќи во периодот од пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи и минатата во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14, што е јасен индикатор дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба што ја имавме во претходниот долг временски период, истакна Филипче.
Според него, нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.
– Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата мирна. Освен размена на информации, така се евалуираше и потребата за официјален состанок. Во петок ќе има состанок согласно новите анализи. Во однос на мерките, ќе ги слушнеме предлозите и согледувањата. Јас сметам дека треба да продолжат превентивните мерки и да се зголеми процентот на вакцинација. Испративме писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти, рече Филипче.
Еден од главните критериуми за воведување нови мерки, посочи, ќе биде ризикот во болничките капацитети кој засега не е евидентиран. – Клучен е опфатот на вакцинацијата. Тоа и почитувањето на превентивните мерки и протоколи, се излезот од кризата, додаде Филипче.
Заклучно со 9 ноември, како што информира Министерството за здравство, вкупно се вакцинирани 811. 226 граѓани, ревакцинирани се 782.460, а трета доза примиле 48 087 граѓани. Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во земјава е вакцинирана, а 37 отсто примила две дози вакцина.
Според последните податоци, во изминатото деноноќие регистрирани се нови 432 случаи на Ковид-19 од направени 2.663 тестирања. Починати се 13 пациенти, а оздравени 448 лица. Дополнително, преку „Мој Термин“, пријавени се пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а четири во болнички услови.
Ново на Сител
-

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за лиценцирањето на објектот
-

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
-

Проблеми за автомобилот налето и како да се решат навреме?
-

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци - киријата одзема најголем дел од заработката
-

На Урологија презентирана нова метода за откривање микроскопски траги од тумор во крвта и кога КТ и МР не покажуваат промени
-

Приведен 30-годишник од Кавадарци, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Нејмар по дебито на Мундијалот: Плачев во соблекувалната
