Комисиска расправа за задолжителното пензионирање на 64-годишна возраст
Според анализите што ги направило Министерството за труд и социјална политика, до крајот на годинава возрасната граница за пензионирање со 64 години ќе ја достигнат околу 6.000 лица. Но, како што појасни вчера министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, тоа не значи дека согласно предложените законски измени сите тие ќе одат во пензија, бидејќи дел од нив веќе имаат побарано барање за продолжување на работниот однос.
Таа рече дека со овие измени се предвидува прекинување на договорите за работа со 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку во друг закон не е поинаку регулирано.
-Според нашите анализи бројката на вработени како од јавен, така и од реален сектор збирно до крајот на 2020 година околу 6.000 вработени ќе наполнат 64 години. Но, тоа не значи дека сите овие граѓани ќе одат во пензија. Дел од нив поднеле барање согласно актуелното законско решение до крајот на 31 август за продолжување на работниот век и после продолжување на наполнување 64 години, а кој се однесува на следната календарска 2021 година, рече вчера министерката.
Законските измени во собраниска процедура ги поднесоа пратеници од СДСМ, во, како што појасни Шахпаска, координација со Министерството за труд и социјална политика.
Овие законски измени се предложени за дневен ред на 21. собраниска седница чиј почеток е, исто така, закажана за денеска.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро