Македонија
15. September 2024 - 16:38

Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага

И обвинителството ќе се вклучи во истрага на М- Нав доколку Комитетот и Агенцијата откријат елементи на кривично дело. Од утре Комитетот влегува во просториите на македонската навигација за да ги прегледа видео снимките и да ги преслуша разговорите на пилотите со контролата на летање. Истрага ќе води и Комитетот од кого ќе зависи каква разрешница ќе добие овој случај. Од обвинителството за сител велат доколку им биде доставен  материјал од надлежните тела, ќе постапат во случајот. Од Комитетот најавија заклучоци или препораки доколку утврдат неправилности во истрагата за откривање на причините до кои дошол овој инцидент. Додека Агенцијата тврди дека добиле известување за инцидентот од М-Нав, од Комитетот се револтирани што за случајот дознале од медиумите.

Истрага ќе води и Турската агенција за воздухопловство. Засега нема информација дали тие веќе се обратиле до македонските институции и дали можеби ќе побараат да направат увид во записите на М-НАВ.

За случајот преку соопштение реагираа од Здружението на контролори на летање. Според нив прогласувањето на настанот за сериозен инцидент без проверка на факти не оди во прилог на правично расветлување на сличајот. Сметаат дека алатката Flightradar24, кој го следи движењето на сите авиони во светот, не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време.

Инаку освен Флајтрадар и аудио снимка објавена во медиумите покажа дека имало комуникација на пилотот на Туркиш Ерлајнс со М-Нав која реагира дека ништо не ги слуша контролорите и ги информира дека  се активирал ТКас системот. 

Инцидентот над Миладиновци бил за влакно избегнат, авионите на туркиш и Санекспрес успеале да реагираат за неколку секунди и да се разминат на околу 300 метри висинска разлика и да спречат огромна катастрофа.