„Комити“ го почнаа протестниот марш, бараат правда за Саздовски
Навивачката група „Комити“ излезе на протестен марш за прерано починатиот член на групата, 21-годишниот Никола Саздовски, кој по неколкудневна кома предизвикана од физичкиот напад врз него од страна на три лица, на Клиничкиот центар во Скопје им подлегна на повредите.
Протестниот марш започна на плоштадот во Автокоманда. Оттаму, учесниците на маршот се упатија кон Основното јавно обвинителство. Таму ќе биде прочитано соопштение до јавноста за, како што велат од навивачката група „Комити“, неправдата која се случува во целиот процес на истражување на случајот. Маршот треба да заврши пред МВР.
Навивачката група, вчера преку сопштение на социјалните мрежи ги повика сите граѓани кои се чувствуваат како Македонци да дојдат заедно со своите семејства и пријатели и на мирен и достоинствен начин да го кренат гласот против неправдата. Од институциите побараа соодветна казна за сторителите.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата