Македонија
9. August 2016 - 15:56

Компании од Радовиш донираа вода и храна за настраданите во поплавите

Дел од компаниите и здруженијата од општина Радовиш активно се вклучија во хуманитарната акција за настраданите во поплавите во Скопје.

Како што информираат од општината, рудникот „Бучим“ донираше вода и конзервирана храна, фирмата „Церада пласт“ донираше вода, дел од Здруженијата во општина Радовиш донираа вода и други продукти, а се повеќе се зголемуваат и донациите од хуманите граѓани.

И денес Општинската организација на Црвен Крст од Радовиш во соработка со општина Радовиш на Плоштадот Св.Спасо Радовишки поставија штанд за собирање на донациите во вода, конзервирана храна, хигиенски средства, детергенти и др. продукти кои се неопходни за настраданите во поплавите. Штандот на плоштадот ќе биде поставен до 19:00 часот.

Исто така, денеска во Скопје замина и екипа од ЈП Плаваја со цел да помогне во расчистувањето на последиците од поплавите. Во кооординација со Центарот за кризи од Скопје доколку биде потребно, и во наредните денови општина Радовиш ќе помага со човечки ресурси и механизација, информираат од општината.