-->
-->
Комплентирано 3.коло во Лига Европа
-->
Со единаесетте натпревари одиграни комплетирано е 3.коло во фудбалската Лига Европа.
Екипата на Милан повторно ја разочара својата публика, откако во дуелот против АЕК одигра без голови.
Немаше голови ниту на мечот кој беше прогласен од „висок ризик“, а во кој Скендербег го пречека белградски Партизан.
Изненадување претставува нерешениот исход на дуелот во Киев меѓу Динамо и Јанг Бојс, а нов непријатен пораз претрпе тимот на Евертон во дуелот со Лион со што се поизвесно е заминувањето на Роналд Куман од тренеротското место на англиската екипа.
Комплетни резултати од синоќешните средби во Лига Европа.
А група: Астана - Макаби ТА 4-0 и Виљареал - Славија Прага 2-2.
Б група: Динамо Киев – Јанг Бојс 2-2 и Скендербег – Партизан 0-0.
Ц група: Хофенхајм – Истанбул Башакшехир 3-1 и Брага – Лудогорец 0-2.
Д група: Австрија Виена – Риека 1-3 и Милан – АЕК 0-0.
Е група: Аталанта – Аполон 3-1 и Евертон – Лион 1-2
Ф група: Злин – Копенхаген 1-1 и Шериф - Локомотив Москва 1-1.
Следното 4.коло на програмата е на 2 ноември, а двојките ќе бидат исти, со изменети улоги на домаќин и гостин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок