Комуналец почна со пролетно чистење на дивите депонии
Едномесечна акција за чистење на дивите депонии почна денеска прилепски „Комуналец“ по повод 22 април, денот на планетата Земја.
Според директорот на ЈКП „Комуналец“, Ѕвонко Јованоски ќе се чистат 10 детектирани диви депонии на подрачјето на општината. Јованоски со апел до граѓаните да бидат совесни и да не создаваат депонии, зашто инспекциски редари ќе ја контролираат состојбата со исфрлањето смет, градежен шут и отпад па ќе се казнуваат поединци и фирми.
- Битката со дивите депонии ќе ја добиеме само тогаш кога граѓаните и градежните фирми од градот ќе бидат наши сојузници, а не наши противници. Депонијата „Алинци“ стои на располагање за одложувањето на секаков смет и шут и да се депонира таму. Апелирам до комуналните инспектори и редари да излезат на терен, да ги увидат овие девијантни појави и да ги спречат. Воедно да ги насочуваат граѓаните и градежните фирми својот градежен шут да го депонираат во депонијата „Алинци“, а оние несовесните и неодговорните да бидат казнети. Само така ќе можеме да си ја заштитиме животната средина, да си го заштитиме градот и планетата Земја, изјави Јованоски.
По чистењето на дивата депонија кај надвозникот, надвор од Прилеп на патот за Битола, на која се натрупани над 350 метри кубни инертен и комунален отпад, ќе се чистат дивите депонии над касарната „Мирче Ацев“, Заполшки мост, на патот спрема селото Оревоец, над населбата „Кузман“, кај патот за Маркова чешма и Ленишки мост, на патот кон вештачкото езеро, и на повеќе локации во населбата Тризла.
Минатата година на депонијата „Алинци“ се одложени 3.228 тони градежен шут и 323 тони неупотреблива земја, од вкупниот отпад однесен на депонијата или 26 500 тони комунален отпад одложен на депонија.
Ново на Сител
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово