Комуналните работници во Париз го прекинаа штрајкот, помал одѕив на протестите против пензиските реформи
Комуналните работници во Париз денеска го прекинуваат повеќенеделен штрајк, кој, меѓу другото, доведе до илјадници тони натрупано ѓубре на улиците.
Екипи за чистење се распоредени да го собираат отпадот што се насобрал на улиците за време на протестот организиран против пензиската реформа.
Францускиот синдикат CGT објави дека тринеделниот штрајк е завршен. Се проценува дека до денеска на улиците на Париз се собрале 10.000 тони ѓубре, што, како што е наведено, е точно колку вкупната тежина на Ајфеловата кула.
За време на вчерашните протести низ Франција, десетици демонстранти беа уапсени и повторно избувнаа немири, иако значително помалку луѓе излегоа на улиците.
За синдикатите, борбата против законот е далеку од завршена. Единаесеттиот ден од одржувањето на протестите е закажан за 6 април.
Ново на Сител
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден