Концерт „Летај песно“ во МНТ

Младите музички уметници Тиана Димова, Вејчеслав Поповски, Анастасија Аврамовска, Ени Вучидолова и Бојан Ефтимов во петокот одржаа гала концерт во Македонскиот народен театар.
На концертот „Летај песно“, именуван по композицијата на композиторот Кире Костов беа изведени повеќе музички дела меѓу кои: Schindler's List , My way, Чија си, The Prayer, Parla piu piano, Кога те нема, Caruso, Летај песно, Volare, The Winner Takes It All,....
За овој гала концерт Вејчеслав Поповски, кој е ученик во втора година во ДУМБЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје самостојно ги подготви аранжманите за оркестарот.
На крајот на концертот се обратија координатор на овој проект Татјана Милојевиќ и претседателката Цветанка Орешковиќ од невладиното здружени „Акција&Реакција“, кои упатија благодарност до Министерство за култура, Македонски народен театар, ДУМБЦ „Илија Николовски- Луј“-Скопје и Факултет за аудиовизуелни уметности ЕСРА–Скопје.
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
