Концерт на Ансамблот „Нуове музике“

Ансамблот „Нуове музике“ од Италија вечер ќе има концерт во Музеј на Град Скопје во рамки на 40. Денови на македонска музика.
Солисти на концертот се еден од водечките италијански контратенори Луиџи Скифано и нашиот најпознат тенор во светот Благој Нацоски, кој од 2008 година е носител на признанието „Амбасадор на културата на Република Македонија во Италија“.
На програмата се камерни дела од композиторите Властимир Николовски, Гоце Коларовски, Дамјан Темков и Симона Симуноска, а првпат во Македонија ќе го чуеме и делото „Седум песни од светлина и прав“ од италијанскиот автор Анџело Инглезе на стихови од македонскиот поет Никола Маџиров.
Ансамблот „Нуове музике“ е составен од уметниците Роберто Бокјо - кларинет, Леонардо Боеро - виолина, Гаетано Насило - виолончело и Алесандро Марангони - пијано. Ансамбл е формиран во Савона, Италија на идеја на композиторот Марко Ломбарди.
Во фокусот на репертоарот на составот е изведба на современа музика од 20-тиот и 21-виот век, иако во својот пристап тој е отворен и кон музички дела кои низ вековите го одбележаа патот на развојот на музиката.
Ново на Сител
-

По пет години затвор добија тројца турски државјани, кои помагаа во извршување на убиство во Штип
-

Осомничениот за убиството во Старо Нагоричане е во затвор Куманово
-

Тошковски: МВР делува неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи
-

Во првиот месец од примената на „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје поднесени вкупно 476 приговори
-

Одземени шест лиценци на компании за одгледување кабанис, Мицкоски очекува тој број да се зголеми во следниот период
-

МВР: Уапсена Ј.Ѓ. (27) од кривопаланечко, попречувала инспектори на АХВ да одземат крави
-

Мицкоски за Груби: Нема никаква логика да сум се договорил со оние што сакаат да го видат мојот политички крај
-

Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика
