Концерт на флејта и харфа на „Охридско лето“

Програмата на 56-тото издание на „Охридско лето“ продолжува со музичкиот дел, овојпат со концерт на Масимо Мерчели од Италија на флејта заедно со словенечката харфистка Мојца Злобко Вајгл.
Вајгл и Мерчели вечер од 21 часот во „Света Софија“ ќе изведуваат познати дела на Доницети, Бах, Росини, Дебиси, Моцарт, Ниман, Рамовш, Годефројд, Мариа Понце, Масне, Шопен.
Харфистката Мојца Злобко Вајгл е еден од водечките музичари во Словенија, со богата интернационална кариера како солист и камерен изведувач. Како солист досега има настапувано со голем број значајни диригенти и оркестри, додека како камерен изведувач често е дел од ансамбли во кои членуваат реномирани музички уметници.
Истакнатиот флејтист Масимо Мерчели изградил впечатлива уметничка кариера во која се забележуваат успесите на меѓународните натпревари и бројните концерти во најпознатите светски сали. Постојано соработува со врвните уметници на денешницата и со прочуените светски оркестри, а има остварено и премиерни изведби на неколку дела.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
