Концерт на гитара на Борче Наумоски
На Факултетот за музичка уметност вечер од 19 часот концерт на гитара ќе одржи Борче Наумоски.
Ќе изведе теми од „Волшебната флејта“ на Моцарт, концерт од Мауро Џулијани за гитара и гудачки квартет, во придружба на квартетот Пасионис, „Фантазија“ на мотиви од „Травијата“ на композиторот Франциско Тарега и композицијата „Астуриас“ на Исак Албениз.
Борче Наумоски дипломирал класична гитара на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во класата на проф. Војислав Ивановиќ во 2006 година и магистрирал во 2010 година под менторство на проф. Срѓан Тошиќ од ФМУ во Белград.
Наумоски е доцент на ФМУ, каде што ги предава предметите Гитара, Камерна музика и Литература за гитара, а професор по гитара е и во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј‘‘ во Скопје.
Ново на Сител
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
МПЦ се подготвува за Велигден
-
Задоцнета реакција - трет протест во Кочани
-
Три лица загинаа, осум повредени во сообраќајна несреќа
-
Македонските патишта не се безбедни, но и возачите пребрзо возат
-
Православните христијани ја слават Велика сабота
-
Голема раздвиженост за Велигденските празници во Охрид
-
Католиците го слават Велигден