Концерт на Градскиот дувачки оркестар на Школката во Градски парк
Градскиот дувачки оркестар утревечер во 20 часот ќе одржи концерт на Школката во Градскиот парк.
Град Скопје соопшти дека концертот ќе трае околу еден час, a ќе биде изведена следната програма: Здраво! (Hello – R. Cardon); На мој начин (My Way – C.Francois&J.Revaux arr. H.Eminovic), Тико-Тико (Tico – Tico – L.Abreu arr.W.L), Девојката од Ипанема (Girl from ipanema – A.C.Jobim arr. H.Eminovic), Финалното одбројување ( Final count down- J.Tempest arr. H.Eminovic), Добс Буги ( Dobs Buggy – W.Dobschin arr. W.Tuschla), Њујорк, Њујорк (New York, New York – J.Kander arr. E.Charleton); Одведи ме до месеченитата (Fly me to the moon – arr. S. Nesticos); Вчера (Yesterday – J.Lennon and P.M.McCartney arr. C.North), Караван (Caravan – D. Ellington arr. H. Eminovic; Бамболео (Bamboleo – S. Diaz arr.H.Eminovic); и Текила ( Tequila – A. Lokatelli arr. V.Platonovic).
Градскиот дувачки оркестар, кој работи при ЈУ „Младински културен центар“ е составен од членови, главно професионални музичари како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите.
Ново на Сител
-
Израел објави список со 95 палестински затвореници кои треба да бидат ослободени во недела
-
Утринска магла, а потоа сончево и студено
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница