Македонија
13. November 2015 - 8:31

Концерт на хоровите од средните училишта во Скопје

Хоровите, вокалните групи и оркестри од средните училишта на Град Скопје вечер во Сити мол ќе одржат концерт по повод ослободувањето на Скопје-13 Ноември.

На ревијалниот концерт ќе настапи Градскиот дувачки оркестар, хорот на Златно славејче со песната „Скопје радост ти ќе бидеш“ и хоровите на средните училишта „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Георги Димитров“, „Марија Скодовска –Кири“, „Здравко Цветковски“, „Браќа Миладиновци“, „Панче Караѓозов“ и „Васил Антевски-Дрен“.