Македонија
6. November 2016 - 9:35

Концерт на израелскиот пијанист Нитаи Хершковиц

Израелскиот пијанист и композитор Нитаи Хершковиц, кој се смета за еден од најистакнатите светски џез-пијанисти од помладата генерација, вечер со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт во Домот на АРМ, во Скопје.

Познат по неговата виртуозност и длабока емоција, Хершковиц по четиригодишната плодна соработка со врвниот израелски басист Авишаи Коен, од неодамна ја почна својата самостојна солистичка кариера.

Tој ќе и се претстави на македонската публика со концертна промоција на своето прво авторско издание насловено „I Asked You a Question“. Концертот е  во организација на агенцијата „Кинор“.