Концерт на Влатко Стефановски во охридскиот Антички тетар

Најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски вечер ќе има концерт во Античкиот театар во Охрид. Нашиот гитарски виртуоз ќе настапи со гостите и негови пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија. Посетителите ќе можат да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“.
- Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни, рече Стефановски минатиот месец на прес-конференција во Скопје. Додаде дека е оптимист и очекува добро време за охридскиот концерт.
За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него.
- И би сакал да ја имаме таа среќа да влеземе во празникот, 2 Август-Илинден, заедно со последните нумери од концертот, рече Срефановски.
Баги комуникации, кои се организатори на концертот, најавија присуство на првата жена премиер на Словенија Аленка Братушек. Почетокот на концертот е во 22 часот.
Ново на Сител
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
-

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила
-

Удавен добиток, поплави, уништени земјоделски посеви - обилните дождови предизвикаа сериозни штети во Струмичко
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
-

СДСМ објави нова „бомба“
-

Кочани пред капитален проект, старечки дом за 150 лица
-

Преглед на вестите од светот
