Македонија
9. October 2021 - 11:45

Кондовски: Еколошки јавен превоз за намалување на загадувањето во Битола

Кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, денеска пред битолчани вети дека во јавниот превоз ќе воведат нови линии и мали и еколошки возила кои на најефикасен начин ќе одговорат на потребите.

-Зелената агенда е на сила. Загадувањето на воздухот веќе не е табу тема бидејќи ги чистиме и воздухот и водата. Ќе продолжи набавката на еколошки јавен превоз за уште повеќе да се намалува аерозагадувањето во градските средини, истакна Кондовски и додаде дека зелената агенда ќе се спроведува и преку субвенции за набавка на возила со хибриден погон или електрични возила за такси превозот, кој пак ќе биде униформиран по принципот на западните земји .

Најави дека ќе продолжи распределбата на субвенциите за инвертери за греење и за енергетско ефикасни фасади.