Конечно ќе почива во мир: Џорџ Мајкл погребан три месеци после смртта
Британскиот пејач Џорџ Мајкл, кој почина пред повеќе од три месеци, погребан е вчера, соопшти неговото семејство после приватната церемонија.
- Можеме да потврдиме дека Мајкл е погребан во присуство на семејството и најблиските пријатели, јави семејството и се заблагодараи за пораките на поддршка.
Британската полиција во почетокот на март заклучи дека музичарот на 25 декември 2016 година починал од болести на срцето и црниот дроб.
Претходно тој имаше и други здравствени проблеми и проблеми со алкохолизмот и дрогата.
Мајкл, чие вистинско име е Јоргос Киријакос Панајоту, роден е на 25 јуни 1963 година во Лондон, како син на кипарски Грк и Британка.
Тој стана светски познат како дел од дуетот „Вем“ кој го основа со неговиот училишен другар Ендру Риџли во 80-тите години од минатиот век.
Подоцна имаше многу успешна соло кариера и за неполни 40 години освои две награди Греми и продаде повеќе од 100 милиони албуми.
Некои од неговите најпознати хитови се Father Figure, Freedom, Careless Whisper, One More Try, Monkey, Praying for Time, Outside..
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка