Конечно: Убиецот на Јелена Крсмановиќ уловен на камера

Хасиб Јаховиќ, чичкото на познатата пејачка Емина Јаховиќ, не ни замислувал дека пред 18-ина дена во куќата можеби има клучен доказ за убиството кое го потресе регионот. Тој поседува снимка на која може да се види убиецот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, 33-годишната пејачка на Гранд која беше свирепо убиена и фрлена во канал.
Имено, една од неговите сигурносни камери е насочена токму кон насипот кај Црвенка, каде се случи убиството кое сите ги крена на нозе. Хасиб синоќа даде изјава во полиција.
- Инспекторите го земаа хард-дискот на кој се наоѓа снимката која конечно може да го расветли убиството на Јелена Крсмановиќ. На снимката би можело да се види ако не лицето на убиецот, барем тоа дали тој ја нападнал тука, или можеби пејачката е убиена и мачена на друго место, а потоа само фрлена во каналот. Барем ќе се види некој сомнителен, но прашањето е што точно забележале камерите, вели соговорник за Курир.рс, кој е близок на истрагата која се води со денови.
Полицијата синоќа со налог за претрес влезе во куќата на чичкото на познатата Емина и ја зема снимката која можеби ќе даде одговор на овие прашања. Воедно, полициските службеници земале и еден пар патики и го пребарале дворот.
Инспекторите и вчера го пребаруваа насипот, за да дојдат до нови докази.
јелена беше убиена пред три недели во Борча, со 30 удари од дрвена палка.
Ново на Сител
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на техничката влада на пленарна седница, СДСМ се закани со напуштање на работни групи
-

Повторно се одложи судењето за прегазениот Јорго Ќука, обвинетиот сменил адвокат
-

Николовски: Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорот 8 ќе чини 5 милијарди евра
