Македонија
5. December 2017 - 9:40

Конференција „40 години високо образование од областа на безбедноста“

 Во организација на Факултетот за безбедност-Скопје денеска ќе се одржи научно-стручна конференција „40 години високо образование од областа на безбедноста (концепти и практики)“ на која ќе учествуваат професори и стручни лица од Македонија и регионот.

Конференцијата ќе ја отворат деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и проректорот за финансии на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола проф. д-р Светлана Николовска.

На научно-стучната конференција низ отворена и аргументирана дебата, како што најави организаторот, треба да се бараат решенија каков концепт на високо образование од областа на безбедноста ни е потребен, чиј производ би имал употребна вредност во институциите.