Конференција на главните подофицери во командите и единиците на АРМ
Главните подофицери во командите и единиците на АРМ на денешната годишна конференција во Домот на АРМ пред началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски и командантите на командите и единиците на АРМ брифираа за реализираните и претстојни активности на подофицерскиот кор на АРМ.
Генералот Величковски симбилично првпат во АРМ изврши доделување на ознаките за должноста главен и прв подофицер во АРМ, согласно со Уредбата за единствен знак за припадност на АРМ, униформата, ознаките на чиновите, на родовите и службите, ознаките на единиците, како и начинот и условите за нивно носење.
Главниот подофицер во АРМ Љупчо Стојков рече дека денеска е посебен ден за Подофицерскиот кор затоа што првпат во историјата на АРМ се изврши означување на главните подофицери и првите подофицери во АРМ.
- Подофицерскиот кор на АРМ претставува синоним за професионализам, стручно знаење и едуцираност. Постои за да овозможи поефикасно функционирање на командувањето. Подофицерите се лидери во своите единици и најодговорните луѓе за обуката и подготвеноста за извршување на кој било дел од мисиите што ни претстојат, рече Стојков.
Посочи дека за да биде поставен на позиција главен подофицер, подофицерот мора да заврши подофицерска академија во пријателските НАТО земји и да го имаат целосниот легитимитет и стручно знаење да бидат оние што ќе ги пренесуваат информациите.
Подофицерскиот кор во АРМ и армиите на НАТО е особено значаен со улогата на компетентни тренери со развиени лидерски карактеристики и способности и претставува еден од главните столбови во изведување на воената обука.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина