Македонија
10. September 2015 - 14:40

Конференција на началниците на ГШ на армииите на САД-Јадранската повелба во Охрид

Во Охрид следната недела ќе се одржи 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) на тема „Здружени напори во постигнување на НАТО партнерските цели и сопсобностите на силите“, чиј домаќин е Македонија, а претседавач Босна и Херцеговина која ги наметнува тремите на дискусија.

На конференцијата ќе присуствуваат адмирал Марк Фергусон, началник на ГШ на САД-ЕУКОМ и командант на Здружената команда на НАТО од Неапол, албанскиот началник на ГШ генерал мајор Јероним Базо, босанскиот началник генерал потполковник Анто Јелеч, хрватскиот заменик началник генерал потполковник Драгутин Репинац, македонскиот началник генерал потполковник Методија Величковски и црногорскиот началник адмирал Драган Самарџиќ, а гостин ќе биде словенечкиот началник на ГШ генерал мајор Андреј Остерман.

На покана на домаќинот прв пат на конференциите од ваков обем како гости ќе присуствуваат и командантите или нивните заменици на националните гарди на САД кои се партенри на земјите членки на А-5 и тоа бригадниот генерал Стивен Ферари од Националната гарда на Њу Џерси која е партнер на Албанија, полковник Шон Кејси од Националната гарда на Мериленд, партнер на БиХ, генерал мајор Ричард Ц. Неш од Националната гарда на Минесота, партнер на Хрватска, генерал мајор Стивен А. Креј од Националната гарда на Вермонт, партнер на Македонија, бригаден генерал Џерард Ф. Болдук од Националната гарда на Мејн, партнер на Црна Гора, како и генрал мајор Тимоти Е. Ор од Националната гарда на Ајова која е партнер на Косово и гостинот генерал потполковник Рахман Рама командант на Косовските безбедносни сили.

Според началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, САД-Јадранската повелба е еден од најуспешните проекти за регионална соработка, а фактот што Македонија е домаќин, а БиХ претседавач со конференцијата покажува колку е добра соработката меѓу земјите членки на А-5.

Очекува присуството на високи воени раководители од САД на претстојната конференција во Охрид да и даде дополнителна тежина и да претставува импулс за побрз прием во НАТО на земјите од регионот.

- Се надеваме дека на престојниот самит  на НАТО во Варшава сите земји членки на А-5 ќе добијат покана за полноправно членство во Алијансата. Знаеме дека примот во НАТО е политичка одлука, а кога станува збор за исполнувањето на критериумите Македонија тоа одамна го направи и е лидер во регионот. Потврда е и оценката на нашата баталјонска борбена група како прва во регионот, рече генерал потполковни Величковски на денешната средба со новинарите.

Тој посочи дека се преземени сите неопходни безбедносни мерки за непречено одвивање на конференцијата. 

- Стручните служби на АРМ и на Министерството за одбрана работат на проценка на сите можни безбедносни ризици и ги преземаат сите неопходни мерки, рече генерал потполковник Величковски, нагласувајќи дека засега не се детектирани некои посебни ризици.

Македониа во 2011 година успешно ја реализираше средбата на началниците на генералштабовите на балканските армии.