Конференција на НГШ на армиите на САД и Јадранската повелба
Проширување на соработката меѓу А-5 земјите за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата е темата на дваесет и првата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) која денеска ќе се одржи во Скопје.
Конференцијата ќе ја отворат началникот на генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и заменик на командантот на командата на Армијата на САД за Европа генерал потполковник Тимоти Реј, а свое обраќање до учесниците за време на конференцијата ќе има и претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов.
На конференцијата, покрај НГШ Величковски како домаќин, ќе учествуваат и началниците на генералштабовите на вооружените сили на Албанија бригаден генерал Бардил Колчаку, на Босна и Херцеговина генерал-потполковник Анто Јелеч, директорот на ГШ на Хрватска Адмирал Роберт Храњ и НГШ на војската на Црна Гора, бригаден генерал Илија Даковиќ.
Како набљудувачи на конференцијата поканети се, и се очекува да присуствуваат и највисоки воени претставници од генералштабовите на Словенија, Србија и Косовските безбедносни сили, а во улога на гости командантите на националните гарди од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите од А5 и тоа: Вермонт, Минесота, Ајова, Мериленд, Охајо, Колорадо, Њу Џерси и Мејн.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место