Конференција: НВО секторот работи во ист правец со институциите

Невладините организации во Македонија не се непријатели, работат во ист правец со институциите и даваат свое видување на различни теми од општеството. Ова беше истакнато на денешната завршна конференција „Улогата на граѓанското општество во европска интеграција“.
Организатори се Центарот за интеркултурен дијалог, European Projects Association (EPA) и Македонски зелен центар. Конференцијата е дел од 14-месечниот проект „Граѓанско општество за eвропска интеграција“, финасиран од ЕУ (ИПА Програмата).
Матеј Маневски, координатор на проектот „Граѓанско општество за eвропска интеграција“ од Центар за интеркултурен дијалог потенцира дека меѓу целите на проектот се креирање партнерство меѓу граѓанските организации и јавните институции со фокус на забрзување на европските интеграции и имплементирање на ЕУ реформите, како и зајакнување на соработката на македонското граѓанско општество со релевнатните чадор организации на европско ниво за поинтензивна соработка.
Министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ истакна дека определбата на Владата е интензивирање на соработката со граѓанскиот сектор. Премиерот Заев, како што рече, имаше интензивни контакти со невладиниот сектор и најави поддршка и дијалог.
Според него, дијалогот со невладините организации е европска вредност која е многу важна и треба да ја спроведуваме уште повеќе во иднина.
- Граѓанското општество и неговата улога е вклучено во „Планот 3-6-9“ која е договорена со ЕК и со еврокомесорот Хан и со други институции на ЕУ, каде е изготвен еден прашалник од Владата и делумно учествуваа невладините организации, рече Шапуриќ.
Тој оцени дека постојано се подобрува соработката и комуникацијата со невладините организации кои, како што рече, ги изнесуваат своите ставови и ќе бидат вклучени во сите програмски активности на Владата, како и во изработка на одредени документи.
Ново на Сител
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
-

Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки
-

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување, да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
-

МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
-

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“
-

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој
