Конференција „Приватната безбедност во 21 век: Искуства и предизвици“
Меѓународна конференција „Приватната безбедност во XXI: Искуства и предизвици“ ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и Институтот за безбедност, одбрана и мир.
Конференциската програма ќе понуди размена на знаења, искуства и практики од реномирани експерти од областа на приватното обебзедување од државава и странство. Се очекува да поттикне натамошен развој на научно-стручната мисла, продлабочување на соработката меѓу вршителите на дејноста и академската јавност и прогресивно дејствување во сите сфери поврзани со секторот приватно обезбедување, соопштија организаторите.
Дел од конференцијата ќе биде кампањата „Денови на приватно обебзедување 2016„ за информирање за актуелните состојби, предизвици и насоки за развој на дејноста приватно обезбедување.
Ќе биде промовирана и најновата публикација во издание на Комората на РМ за приватно обезбедување „Планирање и проценка на ризик во функција на заштитака на лица, имот и работење“.
Ново на Сител
-
САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировници на ОН во Либан
-
Селото Чивељ отсечено по поплавите, може да се стигне само пеш или со чамец
-
Најмалку тројца загинати во руска Ингушетија
-
На денешен ден Колумбо ја открил Америка
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради снимање на филм
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Флорида: Поради ураганот Милтон, нивото на морето е повисоко за 150 до 300 сантиметри
-
Професорката по патологија која го враќа образовниот систем | Весна Јаневска | Sitel Podcast 062