Конференција за 15 години од Рамковниот договор
По повод 15-годишнината од потпишувањето на договорот, Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор утре на Попова Шапка ќе организира конференција на тема „Охридски договор – предизвик и гаранција за интеграција”.
Oд Секретаријатот за МИА информираа дека форумот ќе го отвори вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Фестим Халили. Меѓу панелистите е и Питер Фејт кој учествуваше во разговорите од 2001, а доаѓа како претставник на Европскиот институт за мир, кој заедно со Секретаријатот ја подготви анализата за Охридскиот рамковен договор. Потврдено е учеството на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, а поканети се и други претставници на дипломатскиот кор, на политичките партии, експерти, универзитетски професори и други гости.
Утре се одбележуваат 15 - години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот.
Преговорите, започнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13. август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.
Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите.
Преговорите за Охридскиот рамковен договор почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Вилата „Билјана“ во Охрид во јули и во август 2001 година. Покрај потписниците во разговорите учествуваа и Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика и Питер Фејт, претставник на САД, како и повеќе правни експерти, меѓу кои професорите Владо Поповски и Љубомир Фрчковски.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите
-
Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија
-
Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар
-
Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта
-
Миланов: Контролата на безбедноста на храната е на АХВ, но одговорноста за небезбедна храна е на операторите