Конференција за енергетската сигурност
Министерот за економија Дритон Кучи денеска се обрати на конференцијата „Енергетската сигурност и предизвиците на животната средина во земјите од Западен Балкан, случај-Македонија“, што се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.
Кучи појасни дека со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација Република Македонија презема обврски и во енергетскиот сектор за усогласување на националното законодавство со она на ЕУ, но и за либерализација и развој на пазарот на електрична енергија и негова интеграција во единствениот европски пазар.
Одржаниот Самит на Западен Балкан во Виена, Кучи го оцени како успешен бидејќи од него произлезе заедничка Декларација за воспоставување на регионалната канцеларија за соработка на земјите од Западен Балкан и Агенда за поврзување. Со Агендата, како што рече, се опфатени и т.н. меки енергетски мерки-мерки кои се однесуваат на формирање Берза за електрична енергија, мерки за прекугранично балансирање, мерки поврзани со регионална распределба на капацитети и вкрстени мерки.
На конференцијата учествуваа и министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, заменик-министерот за одбрана Беким Максути, професори и експерти.
Министерот Амети стави акцент на климатските промени и нивното влијание врз енергијата, економијата и општеството. Според него, енергетската сигурност не може да се разгледува без земање предвид на долгорочните сценарија од промените на климата, особено заради поврзаноста меѓу производството на енергија од обновливите извори на енергија и хидропотенцијалот.
Според заменик-министерот Максути, за обезбедување енергетска сигурност потребно е поголема разнообразност на енергетските извори по видови и снабдувачи, како и активно учество на регионалниот енергетски пазар и европската енергетска заедница.
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања