Конференција за инклузивен пазар на труд и праведно вработување
Интернационална конференција „Заедно за праведно вработување: Инклузивен пазар на трудот за инклузивно општество“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на тродневниот фестивал „Денови на разноликоста“.
На конференција, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Самка Ибраимоски, претставникот од Делегација на Европската Унија Никола Бертолини, словенечкиот пратеник од Зелените/Европски слободен сојуз во Европскиот парламент Игор Шолтес и други.
Конференцијата се одржува во рамки на тридневниот фестивал „Денови на разноликоста“, проект финансиран од ЕУ, а имплементиран од Студентски културен центар ШКУЦ од Љубљана и Женска Алијанса од Скопје.
Проектот има за цел да ја популаризира улогата и вредноста на различноста во општеството, како и правото да се биде различен, правото на слобода на изразување, културата и уметноста на различни малцинства, како и едуцирање на јавноста и подигање на свесноста за вредноста на почитувањето на различностите како би се осигурале одржлив развој и благосостојба на општеството.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите
-
ВМРО - ДПМНЕ: СДС го создаде Груби и му дозволи да ја краде државата
-
Нови празници - Нови трошоци за граѓаните
-
Лекарите апелираат - Внимателно со исхраната за време на празниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо