-->
-->
Kонференција за правнитe ризици и предизвици во извршувањето
-->

Меѓународна конференција на тема „Актуелните правни ризици и предизвици во извршувањето“ ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на одблежувањето на 10-годишниот јубилеј на Комората на извршители на Република Македонија.
Пред учесниците на конференцијата ќе говори претседателот на Меѓународната унија на судски извршители Франсоа Андро за „Глобалниот кодекс за извршување“. Државниот советник во Министерство за правда, Радица Лазаревска Героска ќе зборува за „Прирачник/Водич за/кон добри практики во извршувањето ЦЕПЕЖ“, додека за „Клучните измени во новиот Закон за извршување“ ќе говори проф. д-р Арсен Јаневски од Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Според програмата за „Актуелните правни ризици и предизвици во извршувањето“ свои излагања ќе имаат претседателите на коморите на извршители на Србија Александра Трешњев, на Албанија Теди Малавеци, на Црна Гора Иван Петровиќ и на Косово Емине Шерифи Лубениќи.
Комората на извршители на Република Македонија вчера по овој повод одржа свечена академија во Музејот на Македонската борба во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кос: И да го смените уставот нема гаранции дека нема да има нови услови
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот