Македонија
7. March 2016 - 8:42

Конференција за „Улогата на жените во мировните процеси“

По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жените, Министерството за надворешни работи денеска организира конференција на тема „Улогата на жените во мировните процеси“.

Конференцијата ќе ја отвори заменик министерката за надворешни работи Драгана Кипријановска, а свое обраќање ќе имаат и холандскиот амбасадор во Македонија Вилем Вутер Пломп, постојаниот претставник на УНДП во Република Македонија Луиза Винтон, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  амбасадорот Нина Суомалаинен, како и универзитетски професори и претставници од невладиниот сектор.