Македонија
19. November 2019 - 8:41

Конференција „Здраво стареење и социјални сервиси за старите лица“

Национална конференција насловена „Здраво стареење и социјални сервиси за старите лица“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на Неделата на грижа за стари лица, што до 24 ноември ја одбележува Црвениот крст на град Скопје.

Неделата на грижа за стари лица се организира преку социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ и во нејзини рамки се организираат повеќе активности.

На конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат градоначалникот  на Град Скопје, Петре Шилегов, секретарот на Црвен крст на град Скопје Сузана Т. Пауновска, а учесници на панел дискусијата ќе бидат претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, професор Иван Трајков од Филозофскиот факултет…