Конгрес на САД: Сноуден имал и се уште има контакти со Русија
Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден „имал и се уште има“ контакти со руските разузнавачки служби, се наведува во денеска објавените делови од извештајот на Комитетот за разузнавање при Претставничкиот дом на Конгресот на САД.
Во документите, од кои е отстранета ознаката доверливо, се додава дека Пентагон открил 13 неименувани безбедносни проблеми од висок ризик, кои ги предизвикал Сноуден со објавување во медиумите на десетици илјади најчувствителни документи на НСА.
Во извештајот се предупредува дека доколку Кинезите и Русите добијат пристап до материјалите поврзани со тие проблеми, тогаш „американските војници ќе бидат во поголем ризик во секој иден судир“.
Сноуден живее во Москва, каде доби азил откако во 2013 година обелодени доверливи документи за американската глобална програма за следење.
Ново на Сител
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот