Македонија
2. May 2022 - 12:30

Коњановски: Рамазан Бајрам е ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски по повод празникот Рамазан Бајрам испрати честитка до сите верници од исламска вероисповед.

Посакувам, истакна Коњановски, празничните денови да ги поменете во радост, мир и спокој, заедно со вашите семејства.

-Љубовта, солидарноста и грижата за другиот, нека останат длабоко во Вашите срца. И духот на овој празник нека ни биде показател дека заедно, сплотени, можеме да се соочиме со предизвиците на денешнината, да ги надминеме последиците од економската, енергетската и здравствената криза и да се грижиме уште повеќе еден за друг. Рамазан Бајрам е ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, кога благородниот дух ги простува грешките на другите, порача градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.