-->
-->
Конкурс за доделување на „Ноемвриска награда“ за Денот на ослободувањето на Куманово
-->

Советот на општина Куманово денеска го распиша традиционалниот конкурс за доделување на највисокото општинско признание „Ноемвриска награда“, кое се доделува во чест на Денот на ослободување на градот, 11. Ноември.
„Ноемвриската награда“, потенцираат од Комисијата за одбележување празници, се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници, чие дело, резултати во работењето претставуваат посебно остварување во сите области, во текот на едногодишен и повеќегодишен период. Делото односно постигнувањата да бидат достапни на јавноста до 11. Октомври годинава, а авторот на делото треба да е жител на Општината Куманово, организацијата или заедницата да се од општината односно делото и постигнувањата тематски треба да се врзани за Куманово.
Предлозите за доделување на „Ноемвриската награда“ со образложение во писмена форма, информираа денеска надлежните треба да се достават до Комисијата за одбележување на празници и манифестации, најдоцна до 31. октомври годинава. Право на предлагање на кандидати за наградата, соопштија од Комисијата за одбележување на празници, имаат претпријатија, установи, здруженија, месните заедници, група граѓани и поединци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
