Константин Попов: Ја поздравуваме Северна Македонија

Ратификацијата на пристапниот Протокол на Северна Македонија во НАТО денеска го мина првиот чекор низ парламентарните филтри на бугарскиот Парламент, добивајќи поддршка од матичната Комисија за одбрана.
Претседателот на комисијата за одбрана, генерал Константин Попов, пред колегите кажа дека Бугарија пред 27 години прва безусловно ја призна Македонија под нејзиното уставно име и како самостојна и независна држава, јави БГНЕС.
-Бугарија ги убеди и Турција и Русија, исто така, да ја признаат нејзината независност. Денеска Бугарија по уште еднаш ги изрази своите добри намери кон нашиот сосед. Ја поздравуваме Северна Македонија за нејзиното членство во Северноатлантскиот сојуз, изјави Попов по гласањето во Комисијата за одбрана на бугарскиот Парламент.
Според него, Северна Македонија може да смата на целосната бугарска поддршка и содејство за целосното приклучување кон НАТО.
-Бугарија годинава ќе одбележи 15 години од своето членство во Алијансата и со радост ќе го поведеме нашиот сосед и ќе го споделиме нашето искуство од членството во сојузот. Тоа е уште еден чекор кон зацврстувањето на стабилноста и развојот на Западен Балкан, како и проширувањето на можностите за соработка, изјави генералот Попов.
Ново на Сител
-

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со работа на најсложениот дел
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
