Конте очекува нова влада до среда

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека очекува до среда да ги заврши разговорите околу новата италијанска влада.
Претседателот на Италија, Серџо Матарела минатата недела му даде мандат на Конте да се обиде да формира нова коалиција, бидејќи претходната која ја сочинуваа Движењето 5 ѕвезди и екстремно десничарската Лига се распадна. Лидерот на Лига, Матео Салвини се повлече надевајќи се дека ќе предизвика распишување предвремени избори, оти ќе победи на нив и самостојно ќе формира влада, сметајќи на популарноста која моментно ја има во јавноста поради својата антимигрантска политика.
Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија во текот на изминатиот викенд водеа интензивни преговори околу министерските места, а Конте истакна дека „политичкото расположение” меѓу нив е добро.
– Тоа ќе биде вторник или в среда најдоцна, изјави Конте, одговарајќи на прашањето кога повторно ќе отиде кај Матарела со програма и имињата на министрите.
Конте изрази уверување во позитивен исход од преговорите.
Доколку не биде постигнат договор во текот на оваа недела, се очекува Матарела да го распушти Парламентот и да одреди датум за избори.
Ново на Сител
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
