-->
-->
Контрола на патот Неготино - Градско - полицијата запрела комбе и кога го отворила се фрапирале, возачот во бегство
-->
На 10.07.2018 година година во 05.00 часот на стариот пат Неготино–Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби полициски службеници од Полициска страница за граничен надзор "Михајлово" се обиделе да сопрат товарно моторно возило "Рено Мастер" со скопски регистарски ознаки, при што возачот го сопрел возилото и се дал во бегство.
При преглед на возилото откриени се 25 лица илегални мигранти сите од Пакистан, од кои едно малолетно. Извршен е увид на местото на настанот.
Возилото и мигрантите се предадени во Полициска станица Неготино за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура
-
Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при јавен превоз со товарно возило
-
Почина родилка во Куманово
-
Казнети три ресторани и месарница во Кавадарци, уништени 87 килограми небезбедна храна
-
Најмалку десет загинати и 11 повредени во експлозија на бензинска пумпа во Русија