Конзервација на предметите од поставките во Кривопаланечкиот музеј

До средината на оваа година се очекува да бидат отворени двете реновирани поставки во кривопаланечкиот музеј, а стручен тим ќе работи на конзервација на предметите од поставките, најави директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски.
Реновирањето и реконципирањето на историската и етнолошката поставка се врши со средства од Министерство за култура на Република Македонија.
- Она што беше обврска на фирмата за реконструкција и реставрација, беше завршено, сега стручните лица ќе вршат конзервација на дел од предметите, бидејќи градскиот музеј никогаш нема направено конзервација на музејскиот материјал којшто е под закана од уништување. Ќе се работи и на текстовите, скиците и фотографиите за поставување на двете поставки, рече Величковски.
Годинава музејот ќе реализира повеќе редовни изложби со акцент на фотографските, во соработка со Фото-клуб „Куманово“. Планирана е и пролетна манифестација за „традиција на мартинки“ во соработка со „Хаемос“ од Скопје, а ќе се реализираат и ахеолошки ископувања на повеќе локации во општината.
- Со Дирекцијата за култура и уметност ќе работиме на повеќе активности, а до Министерство за култура аплициравме со повеќе од шест проекти за археолошки ископувања на подрачјето на општината: во село Градец, Градиште, Опила, Вржогрнце, Конопница и т.н. „Млековод“. Министерството е со лимитирани средства, очекуваме одобрување на најмалку два проекта, од кои се надевам приоритетниот за нас, Градиште во Градец да биде еден од нив, дополни Величковски.
Според него, овој локалитет има поширок опфат, но и важност, не само од областа на археологијата, туку целиот комплекс каде е сместена и испосницата на пустиножителот, светецот Јоаким Осоговски е туристички локалитет значаен за општината и за целиот регион.
Ново на Сител
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
