Конзервација на Торзо од мермер од 3. век од наша ера во Неготински музеј

Мариана Филова и Горан Ивановски, овластени конзерватори за камен од Националната установа Стоби, денеска во Музејот на Неготино ги започнаа конзерваторските или заштитни работи на археолошкиот предмет „Торзо од мермер".
Драгица Чекорова, в.д. директор во неготинската културна институција, појасни дека станува збор за експонат, кој потекнува од локалитетот „Грамаѓе", село Барово.
- Торзото е дел од скулптура од римскиот период, 3 век н.е. Донесен е во музејот за време на археолошките истражувања во 2012 година од страна на стручен тим од Филозофски факултет, група археологија, под раководство на проф. д-р Антонио Јакимовски и проф. д-р Марјан Јованов, информираше Чекорова.
Таа додаде дека конзервацијата ќе се одвива во неколку постапки. Чистење на деловите од торзото, зацврстување на струкурата на материјалот, лепење на фрагментите меѓу себе, полнење на празнините на предметот со материјал сличен на оригиналот, премачкување со специјално хемиско средство за заштита на мермерот од влага.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
