Координативен состанок во Парламентот

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги поканил координаторите на пратеничките групи денеска на средба на која се очекува да биде договорен терминот за одржување на првата собраниска седница по завршувањето на локалните избори и идните активности на Парламентот.
Според инфиормации од Собранието, на оваа седница би требало на дневен ред да бидат верификација на мандатите на нови пратеници кои доаѓаат на местото на сега веќе избраните седум градоначалници од СДСМ, како и на местата на двајца пратеници од албанскиот блок кои поднесоа оставки.
Од собраниските активности се очекува, меѓудругото, продолжување на расправата за Законот за употреба на јазиците, избор на јавен обвинител, а во собраниска процедура за време на кампањата и меѓу двата круга на локалните избори влезе и Предлог на закон за урбано зеленило, предложен од ДОМ, Предлог-одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности и годишниот приход на давателите на водни услуги остварен од давање на водни услуги, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика за 2018 година, Предлог – одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, Предлог-финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика за 2018 година, Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2016 година, Извештај за учеството на припадник на АРМ во мировната операција Алтеа во БиХ, во периодот декември 2016 - јуни 2017 година, како и Нацрт - просторен план на Источниот плански регион 2013 – 2030.
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
