Фудбал
10. јуни 2016 - 10:17

Koпа Америка: Нема втор круг за Уругвај

Фудбалската репрезентација на Уругвај по само два одиграни натпревари на Копа Америка ги загуби шансите за пласман во нокаут фазата. Уругвај во Ц групата загуби од Венецуела 0-1, додека во вториот меч од оваа група Мексико ја победи Јамајка со 2-0.
 
Уругвај, 15-кратен освојувач на Копа Америка, без Луис Суарез, не успеа да ја мине првата фаза на континенталното првенство.
 
Уругвајците, кои во првото коло загубија од Мексико (1-3), во второто запишаа порази и од Венецуела (0-1-. Саломон Рондон го постигна единствениот гол во 36.минута.
 
За разлика од Уругвај, Мексико со втората победа обезбеди пласман во нокаут фазата. Мексиканците славеа 2-0 против Јамајка, а стрелци на головите беа Чичарито Хернандез во 18-та и Пералта во 81-та минута.
 
Мексико во последното коло против Венецуела ќе се бори за првото место во групата.