Фудбал
14. јуни 2016 - 9:50

Копа: Мексико и Венецуела со реми во четвртфиналето

Репрезентациите на Мексико и на Венецуела ноќеска одиграа нерешено 1:1 во рамките од 3.коло од Ц групата од Копа Америка. И двете селекции од претходно го имаа обезбедено пласманот во четвртфиналето на ова натпреварување, а нерешениот резултат само на Мексико му ја донесе првата позиција поради подобрата гол разлика.
На вториот дуел од оваа група Уругвај ја победи Јамајка со 3:0.
Табела: Мексико 7 бодови (+4 гол разлика), Венецуела 7 (+2), Уругвај 3, Јамајка 0.
 
Вечерва се играат натпреварите од 3.коло од Д групата: Аргентина – Боливија и Чиле – Пананма. 
Мексико во 1/4 финалето ќе игра со вториот од групата Д, додека Венецуела за ривал ќе ја има првата репрезентација од групата Д.