Коркер: Трамп ги води САД кон Трета светска војна

Републиканскиот сенатор Боб Коркер, кој претседава со Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД предупреди дека претседателот Доналд Трамп може да предизвика Трета Светска Војна.
- Трамп ја води земјата како да е реалити шоу. Неговата реторика може да ја насочи Америка кон Трета Светска Војна. Загрижен сум. Секој што се грижи за нашата земја би требало да биде загрижен, изјави Коркер во интервју за весникот „Њујорк тајмс“.
Иако доаѓаат од иста партија, Коркер е против политиките на Трамп и неодамна најави дека нема да се кандидира на изборите во 2018 година за нов мандат како сенатор од државата Тенеси поради несогласување со сегашниот републикански курс.
Трамп возврати преку Твитер, велејќи дека Коркер неодамна барал поддршка од Трамп за трката во Тенеси, но бил одбиен. Трамп воедно го обвини Коркер за одобрување на нуклеарниот договор со Иран, за кој сегашната Бела куќа најавува дека ќе биде раскинат.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
