-->
-->
Кошаркарите на Работнички и на Вардар ќе играат во јуниорското финале
-->

Младите кошаркари на Работнички и на Вардар ќе играат во јуниорското финале. Во полуфиналните натпревари на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 18 години кој се одржува во СРЦ „Кале“, екипите на Работнички и Вардар беа подобри од МЗТ Скопје Аеродром и Шкупи.
Во првиот полуфинален меч, Работнички го совлада градскиот ривал МЗТ Скопје со 95:60. Во второто полуфинале, Вардар го победи Шкупи со 88-80.
Денеска од 17:30 часот МЗТ Скопје Аеродром и Шкупи ќе се борат за третото место, додека во 20 часот Работнички и Вардар ќе ја започнат финалната битка за шампионска титула.
И во наредните пет дена ќе се играат и завршниците останатите младински категории.
Во среда и четврток (7 и 8 јуни) ќе се игра турнирот во конкуренцијата М-14 односно за играчи родени 2003-та и помлади. За шампионската титула ќе се борат Партизан Водно Санс - МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010 – Вардар. Овие натпревари ќе се играат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Полуфиналните двојки во генерацијата М-16 (кошаркари 2001 и помлади) ги сочинуваат, Феникс 2010 - Партизан Воднос Санс 2 и Вардар - Партизан Воднос Санс 1. Натпреварите во оваа годишна возраст ќе се играат во петок и сабота (9 и 10 јуни) во СРЦ „Кале“.
Неделата на мак-баскетот ќе биде комплетирана со завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години во женска конкуренција кој е закажан за викендот (10 и 11 јуни).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
