Кошта: Португалија ќе биде одговорен партнер во ЕУ
Новиот премиер на Португалија, Антониу Кошта, денеска изјави дека ќе биде одговорен партнер во Европската унија, истовремено најавувајќи дека со тоа ќе ги заштити интересите на португалските граѓани, пренесоа француските медиуми.
Социјалистот Кошта денеска пред Парламентот во Лисабон ја претстави својата програма.
-Оваа Влада нема да им служи на португалските граѓани спротивставувајќи и се на Европа, туку ќе го направи тоа работејќи со Европа, рече тој на почеткот на дводневната дебата, по која се очекува пратениците од радикалната левица да ја подржат новата извршна власт предводена од социјалистите.
Новиот шеф на португалската Влада, сепак, подвлече дека европскиот проект има потреба од „нов ветар“.
Неговата програма предлага со Брисел да се договори олеснување на политиката на штедење.
Досегашната владеачка десна коалиција победи на парламентарните избори на 4 октомври, но го загуби своето апсолутно мнозинство.
Португалија на крајот доби социјалистичка Влада, која за првпат беше поддржана од радикалната левица.
Една ипол година по излегувањето на Португалија од планот за меѓународна помош, ова свртување кон лево предизвика загриженост во Европа околу дилемата дали земјата ќе ги испочитува своите буџетски обврски.
Новиот премиер презеде обврска да направи се што е можно „за излегување на земјата од процедурата на преголем дефицит“ и вети дека до крајот на годината „нема да се намалуваат буџетските приходи, ниту ќе се зголемуваат расходите“.
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба