Балкан
22. November 2023 - 13:47

Косово: Девет лица повредени во експлозија на рачна бомба

Косовската полиција потврди дека се трага по три лица одговорни за  експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен, во која биле повредени девет лица.

Сите повредени се пренесени во болницата во Призрен, пренесе „Н1“.

Портпаролот на полицијата изјави дека полицијата излегла на местото на експлозијата, а за сè бил информиран и дежурниот обвинител.

„Идентификувани се тројца осомничени и се трага по нив“, рече тој.

Сè уште нема информации за мотивите.