-->
-->
Косово доби војска
-->
Косовското Собрание со гласовите на сите присутни пратеници, на денешната пленарна седница ги усвоија законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично прераснуваат во Војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.За трите закони, оној за Министерството за одбрана, за ФСК, и за службување во ФСК, гласаа сите 107 пратеници присутни на седницата, од 120 колку што вкупно брои косовскиот Парламент.
Гласот „за“ формирање на војската го дадоа сите пратеници Албанци, и од власта и од опозицијата, како и оние на немнозинските етнички заедници, освен претставниците на косовските Срби. Десетмината пратеници на Српската листа ја бојкотираа денешната седница.
Во Приштина се најавени манифестации за прослава на стекнувањето на Косово со Вооружени сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
