Косово: Министерката за локална самоуправа поднесе оставка
Министерката за локална самоуправа, која на оваа функција ја именуваше косовскиот премиер Иса Мустафа минатата недела, поднесе оставка.
„Писмената оставка таа ја достави до секретрот на Владата. Истата ќе биде доставена до кабинетот на премиерот и тој треба и официјално ќе ја соопшти неговата одлука околу оставката, потврдиле од владата за весникот „Експрес“.
Веста за повлекувањето на министерката Јевтиќ ја потврдил и претседателот на „Листа српска“ Славко Симиќ.
- Мирјана Јевтиќ го информираше премиерот Мустафа дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата министер за администрација на локалната власт, а за нејзината оставка ја запозна и „Листа српска“, изјави Симиќ.
Разрешување на Јевтиќ и враќање на министерското место на Љубомир Мариќ побара Владата на Србија, по средбата одржана во Белград со претставници на „Листа српска“ .
Косовскиот премиер Иса Мустафа го разреши од функција министерот Љубомир Мариќ, еден ден по посетата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при српската Влада, Марко Ѓуриќ на Косово.
„Листа српска“ ја бојкотира работата на косовскиот парламент, Владата и сите косовски институции по донесувањето на законот за Трепча и за стратешки инвестиции. На последната седница на парламентот се вратија дел од српските пратеници, но по разговорите во Белград го продолжуваат бојкотот.
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред